Детската градинка „11 Октомври” денес се опреми со нов крупен игровен дидактички материјал наменети за сите клонови на градинката, како и 140 нови креветчиња наменети за градинката во Бутел 1.
Општина Бутел превзема сопствена иницијатива за подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст.
Средствата наменети за набавка на оваа опрема се обезбедени од Буџетот на Општина Бутел, соопштија од Општина Бутел.