Од Авто мото сојузот на Македонија соопштија дека вечерва во 19:40 сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес, кој привремено беше пренасочен поради пожарот, е нормализиран.
Пожарот кај езерото Младост се уште е активен. Пожарот во горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот „Дине“ кај автопатот, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.
На терен дејствуваат екипи на Армијата и екипи на Територијалните противпожарни единици од Велес, Неготино, Свети Николе, Штип и Кавадарци, а побарана е помош и од ТППЕ Скопје, која на фејсбук профилот објави дека нејзини екипи се веќе на теренот.