Вицепремеиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска присуствуваа на почетокот на изградбата на пристапната улица кон новите градски гробишта во Крива Паланка.
„Започнува реализацијата на уште еден проект за граѓаните, проект за инвестиција во локалната инфраструктура.
Денес во Крива Паланка отпочнува во увид во почетокот на градежните работи за изградба на пристапен пат кон Градските гробишта во Крива Паланка, уште еден од проектите во рамки на програмата „Изградба и рехабилитација на локални патишта“, кој се реализира со финансиска поддршка од Светска Банка“, истакна Николовски.
„Со овој инфраструктурен зафат, граѓаните на Крива Паланка ќе добијат модерна патна инфраструктура, со патека за пешаци, потпорни ѕидови и паркинг простор кој одговара на потребите на локалитетот.
Подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и олеснувањето на секојдневните обврски е наш приоритет. Затоа што оваа Влада се грижи за граѓаните и нивните потреби ги става на прво место, затоа што развиени општини значат и развиена економија“, нагласи Николовски.