Николовски во Раштак, на гости кај Давид, одгледувач на кози

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски викендов е во Раштак, на гости кај Давид.

Давид со своето семејство одлучил да го напушти градот, и да се пресели на село, каде заедно одгледуваат 70 кози и произведуваат вкусни млечни производи во кои лично се уверив.
Поразговаравме за неговите идеи и планови, за проширување на производството, а јас го запознав со бенефитите и придобивките кои може да ги искористи од државата преку многубројните мерки, истакна Николовски.
vski2Николовски потсети дека оваа година преку Програмата за финансиска поддршка зголемени се субвенциите по грло за одгледување кози.

„Навистина вакви приказни инспирираат особено за млади луѓе, земјоделци, сточари, кои придонесуваат за руралниот развој и сточарството“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e