Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денешната агенда ја завршува со посета на Ранковце.
„Процесот на ажурирање активно продолжува, но особено сум горд што многу нови членови од различни старосни групи ја препознаваат нашата работа и нашата заложба“ – рече Николовски.
„Во рамки на оваа посета, одржавме и работна средба со раководството на ОО СДСМ Ранковце акцентирајќи ги тековните и идни активности, создавајќи подобро утре за секој граѓанин“- посочи Николовски по средбата.
Генералниот секреар на СДСМ Николовски истакна дека денеска е надмината бројката од 50 000 ажурирани членови, потврдувајќи го фактот, дека, како што рече, СДСМ е најсилната, најмодерната, најдинамичната и најпосветената партија во државата!