Николовски во Пробиштип: Продолжува подеднаквиот развој на сите општини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е во работна посета на Пробиштип каде заедно со градоначалникот Драган Анастасов ги посетија паркот „Братство и единство“ и реконструираната кино сала „Злетовски рудар“.

Николовски од Пробиштип порача дека продолжува подеднаквиот развој на сите општини и создавањето на подобри услови за живот на сите граѓани во нашата држава.
-Драго ми е што на денешната посета во Пробиштип лично се уверив во ефикасноста на нашите мерки за регионален развој. Општина Пробиштип преку Програмата за рурален развој, а со поддршка на МЗШВ и Платежната агенција има реализирано 3 проекти значајни за жителите градот. Една од нив е прекрасниот Спомен парк „Братство и единство“, кој сега е исполнет со многу нови содржини наменети за сите генерации, порача Николовски.
Министерот рече дека денес овој парк кој има меморијално значење не само за Пробиштип туку и за жителите од околината, и претставува модерен, урбан градски простор каков што заслужуваат жителите за убав и достоинствен живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e