Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вечерва во Пробиштип присуствуваше на Свечената академија по повод одбележување на Денот на општината и Денот на рударите/
„Чест ми е што вечерва во Пробиштип бев дел од Свечената академија по повод одбележување на Денот на општината и Денот на рударите.
Преку инфраструктурни проекти во секоја сфера, Пробиштип континуирано се развива, а поддршката на Владата за развој на секоја општина подеднакво продолжува. Посветено работиме на подобрување на условите за живот, на обезбедување услови за младите да останат во истокот, регион кој се развива како никогаш досега. Приоритетите на граѓаните се наши приоритети“, посочи Николовски.
Во очи на големиот верски празник, Пресвета Богородица, заштитничката на рударите, Николовски им го честиташе денот и ја поздравуви храброста да се занимаваат со оваа професија на сите рудари.
„Посакувам среќата секогаш да биде на ваша страна, додека за државата ви ветувам дека секогаш ќе ги штити вашите права, интереси и безбедност“, истакна Николовски.