Николовски во посета на рудникот Тораница: Овој рудник претставува двигател на економски и кадровски развој на Општина Крива Паланка

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалниот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска беа во на рудникот Тораница.
Nikolovski1Капиталните инвестиции во патната инфраструктура го олеснуваат протокот на руда, до рудникот Тораница и овозможуваат негова непречена работа, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski3„При денешната посета на рудникот Тораница, генералниот менаџер, Гоце Мојовски потенцираше дека нивната компанија работи со непроменето темпо и брои вработени лица и во време на корона кризата и најави зголемување на производството и раст на извозот во периодот кој следи.
Ја потврдуваме поддршката за развој на компаниите од овој регион“, посочи Николовски.
Nikolovski2Николовски нагласи дека рудникот Тораница претставува огромен капитален капацитет и двигател на економски и кадровски развој на Општина Крива Паланка.
Nikolovski4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e