Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити денеска ја посетија новата детска градинка, која е многу важна за жителите на ова место, и за соодветно предучилишно воспитување и образование за најмладите.
Градинката „Сонце“ е прва детска градинка во Брвеница, изградена по високи стандарди во мандатот на оваа Влада. Во тек е процесот за екипирање на квалитетен и обучен кадар, истакна Николовски.
„За најмладите од Брвеница и нивните родители решен е проблем кој се провлекува повеќе од 12 години.
Грижата за дечињата, инвестирањето во раниот детски развој како и во човечкиот потенцијал се заеднички приоритети на Владата и на локалните самоуправи, во интерес на сите наши граѓани“, посочи Николовски.