Николовски во посета на биогасната електрана во Сарамзалино: Создаваме можност за модерен и современ живот во руралните средини

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија заедно со заменикот на претседател во Владата за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и со градоначалникот на Општина Лозово и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, денеска ја посети биогасната електрана во изградба во Сарамзалино.

Ги имаме сите предуслови за поголем рурален развој, за живот во средина која на граѓаните ќе им овозможи чиста и мирна животна околина, истакна вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Проектот биогасна електрана Сарамзалино комбинирано ќе произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори со инсталиран капацитет од 2.000kW.
Ваквите капитални инвестиции го тргаат фокусот од градовите и создаваат можност за модерен и современ живот во руралните средини. Одржливиот развој го потенцира токму тоа, природа и чиста животна околина, а тоа е целта на политиките на оваа Влада“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e