-Со многу вложен труд, енергија и работа во изминатиот период комплетно го променивме системот на функционирање на партијата. Поставуваме највисоки стандарди, го менуваме концептот и создаваме трајни вредности, порача денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на работниот состанок со раководството и Извршниот одбор на ОО СДСМ Македонска Каменица каде детално беше анализирано досегашното дејствување на внатрепартискиот систем и идните партиски цели.
-Го ажуриравме членството и создадовме база на податоци со кои, сега, партијата е во постојан и директен линк со секој еден член, рече Николовски.
-СДСМ секојдневно расте, се менува, надградува и го развива својот бренд.
Отворено и транспарентно, до граѓаните и со граѓаните. Нашиот трудот и посветеноста кон работата се препознаени и верификувани. – заклучува генералнито секретар на партијата.