Вложуваме во рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата во секоја општина, ги подобруваме условите за живот на граѓаните на локално ниво, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Во кривопаланечкиот регион се инвестира во секоја област и во секое населено место, во сè што може да придонесе за подобар живот на граѓаните. Крива Паланка е и една од општините опфатена со 23-те проекти преку ТАВ програмата.
Жителите на Крива Паланка добиваат нов и модерен плоштад. Одобрени дополнителни 5 милиони денари грант за реконструкција на плоштадот, со што вкупната инвестиција изнесува 48 милиони денари, грант од Светска банка
– Преку ТАВ програмата со инвестиција од 10,3 милиони денари ќе се гради улицата „Вршачка“ во населбата Долно Грамаѓе
– После 30 години се реконструира Домот на култура
– Започнува реконструкцијата на фасадата на Градскиот Музеј
– Обезбедуваме нови, современи простории за нашите најмили, се доградува детската градинка
– Преку Министерството за транспорт и врски, а финансирано од Светска банка ќе се започне со изградба и реконструкција на патот до Градските гробишта
– Преку три проекти финансирани од Светска банка се изведува изградбата на минор корито на Крива Река
Продолжуваме да работиме во служба на граѓаните и за подобар живот во секоја општина!“, посочи Николовски.