Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва беше во посета на Општинските организации на СДСМ во Илинден и Белинбегово.
Над 65 000 членови го ажурирале своето членство, а секојдневно пристапуваат и многу нови, информираат од Социјалдемократскито Сојуз.
„СДСМ покажа дека е партија која се менува,која се демократизира и реформира. На 21 март членовите на СДСМ ќе изберат Претседател на партијата што е врв во демократијата. Продолжуваме неуморно да работиме за доброто на граѓаните, да спроведуваме успешни политики и да градиме еднакво општество за сите. Прогресивна,европска, модерна СДСМ, секогаш во служба на граѓаните.“ – порачуваат од партијата.