Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денешната дневна агенда ја заврши со посета и работна средба со раководството на ОО СДСМ Брвеница.
„Моќна, модерна, демократска и блиска до граѓаните! Тоа е денеска СДСМ! Партија која работи со граѓаните и за граѓаните.“ – порача Николовски по средбата.
„Процесот на ажурирање и приклучување кон членството на СДСМ се случува во континуитет и тече одлично низ целата република. Имаме и нови членови кои се приклучуваат. Заедно да ја менуваме СДСМ, да го менуваме општеството.“ – заклучи Николовски.