Ве поздравувам од Камените Кукли, природна атракција во нашата татковина и едно од моите омилени места. Многу се радувам дека на оваа кампања ќе посетам места како ова, места кои можеби поради секојдневните обврски не би имал можност да ги посетам секогаш кога ќе посакам.
Ја искористив оваа прилика да се видам тука со нашите стопанственици, а тие ми дадоа јасна порака дека сме на прав пат и ќе не биде!
Се изнаслушав одлични идеи и верувајте, едвај чекам да почнеме да ги реализираме. Но, повеќе од се, се радувам што бизнисмените сами велат – цел Исток веќе ги чувствува придобивките од домаќинското, одговорното работење на владата последниве две и пол години.
Нема бароци и жални врби, нема милионски суми фрлени низ вода. Има зголемени плати, пензии, субвенции и помош на оние кому им е најпотребна.
Бизнисмените велат дека најсреќни се поради НАТО и ЕУ. Велат ни се отвораат многу врати на светските пазари. Ќе извезуваме Македонски производи, а не Македонци!
Токму тоа е мојата визија за Истокот и за целата татковина.
Да го унапредиме животот на сите граѓани. Да го вратиме достоинството на обичниот човек. Срамна беше минималната плата од мизерни 9.000 денари, каква што ја затекнавме по владеењето на ВМРО. Ја зголемивме на 14,500 денари, а до крајот на следниот мандат таа ќе порасне до 20.000 денари.
За Камени кули има предание дека клетва ги скаменила сватовите, да стојат простум со векови. Сакам да им порачам нешто на моите противници со десетици афери зад нив. Нема таква клетва и нема таква сила што ќе ме сопре во борбата за подобра иднина!
Ве повикувам на 15-ти јули сите заедно да го продолжиме патот на развојот.
Да гласаме сите за СДСМ и Коалицијата Можеме!
Ви давам збор дека заедно, МОЖЕМЕ!
ФБ статус на Љупчо Николовски