Николовски: Продолжува градежната офанзива во Крива Паланка

Продолжуваме да работиме за подобра поврзаност и поголеми можности за граѓаните од источниот регион, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„По носењето на информацијата за финансирање на проектот Изградба на улица Вршачка преку програмата ТАВ во вкупна вредност од 10.300.000 денари, сега се усвоени информации за финансирање на 36 проекти во исто толку општини меѓу кои и Крива Паланка.
За изградба на локален пат во населба Мизовски ливади се издвоени 14.523.668 денари, а од програмата ТАВ ќе се издвојат и средства за уште еден клучен проект во износ од 3.763.800 денари со што ќе се направи изградба на локален пат во месноста Чифлик во село Конопница.
Вложуваме во развој на Крива Паланка и североистокот. Вложуваме за подобри услови за живот и делување“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e