Николовски од Ростуше порача: Убава е нашата земја!

Во организација на општина Маврово – Ростуше , денеска во селото Ростуше започна манифестацијата ,,Летен Бран 2019“ . На отварањето градоначалникот Медат Куртовски нагласи дека покрај зимските активности во општината кои се поврзани со развојот на зимскиот туризам, во текот на летото по традиција во оваа општина се одржуваа и манифестацијата ,,Летен бран“. Цел на летните активности е развојот на општината како и што подобриот престој на печалбарите во родниот крај.

Првата активност беше изборот на најдобрата Маврово – Реканска пита, на која учествува над 5о тина домакинки од оваа општина. Изборот на најдобра пита и оваа година го следеа и повеке туристи од неколку градови од нашава земја .

67322550_2458504621037729_7802547025127407616_n

Денеска во рамките на оваа летна манифестација имаше организирана посета на водопадот во Дуф, а потоа следеше и концерт на народна музика . Во наредните денови ке се организираат и концерти на забавна музика како и спортски турнир во мал фудбал.

67642486_2458504691037722_628276307209224192_n

На манифестацијата присуствуваше и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

67490085_2458504587704399_2168058645881815040_n

„Да ја негуваме традицијата! Денеска во општина Маврово и Ростуше, го посетив настанот Питијада2019, каде се случуваат низа културно-забавни активности и избор на најдобра мавровско-реканска пита. Убава е нашата земја.“  – напиша Николовски на својoт ФБ профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e