Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денешната посета во Крива Паланка, ја искористи во име на Владата да ги предаде во употреба новите две возила за подружницата на Македонија пат и едно возило за подружницата на Центарот за социјални работи, донирано од Швајцарската агенција за развој и соработка.
„Возилото за Центарот за социјални работи е дел од проектот за социјална инклузија на корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт, додека пак возилата за подружницата на Македонија пат се дел од владината помош за ова претпријатие и се од голема важност за подружницата на Крива Паланка, особено за критичниот зимски период кој ни претстои“, рече Николовски кој денеска во Крива Паланка го означи почетокот на изградбата на улицата Вршачка во населбата Долно Грамаѓе.
Николовски, кој потекнува од Крива Паланка, порача дека продолжуваат со работа за подобар живот за сите.
„Нашата крајна цел, кон која се стреми нашата работа е зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани! За нас нема помалку важни граѓани! Продолжуваме со работа за подобар живот, за сите!“, дециден е вицепремиерот.