Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во работна посета на Пробиштип каде заедно со градоначалникот Драган Анастасов ги посетија паркот „Братство и единство“ и реконструираната кино сала „Злетовски рудар“.
-После една деценија, Пробиштип доби модерна кино сала со капацитет од 360 посетители. Преку Програмата за рурален развој, со поддршка од МЗШВ и Платежната агенција жителите на Пробиштип ќе може да уживаат во уште еден успешно завршен проект, а тоа е новата кино сала, проача Николовски.
-Страта кино сала со години не беше во функција, но сега е целосно реконструирана, обновена, а веќе од следниот месец почнуваат и првите културни настани. На мое големо задоволство Кино салата “Злетовски Рудар”, своето име го добива во чест на рударите од овој крај, вели министерот.
Тој порача дека Општина Пробиштип е одличен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт.
-Продолжуваме да ги поддржуваме општините и нивните проекти, преку ефикасни програми, мерки и политики, дециден е Николовски.