Николовски од Виница: Со капиталните инвестиции во општините придонесуваме за рамномерен регионален развој и за јакнење на економијата

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски присуствува на поставување камен-темелник за затворен пазар во Виница.
Nikolovski2Со капиталните инвестиции во општините придонесуваме за рамномерен регионален развој и за јакнење на економијата, истакна вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.
Nikolovski3„Денеска заедно со премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и развој, Никица Бачовски и градоначалникот Ивица Динитров, во Виница го најавивме почетокот на изградба на нов модерен градски пазар, кој е значаен не само за градот туку и за околните места.
Новиот градски пазар ќе се гради по највисоки стандарди и ќе има покриен и отворен дел. Овој капитален проект е особено важен и од интерес за прозводителите на земјоделски производи и за трговците од регионот.
Инвестициите во капитални инфраструктурни проекти продолжуваат и тоа е влог во подобри услови за живот во секој регион, бидејќи развиени општини значат силна економија“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e