Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска со кандидатот на СДСМ, Сашко Николов разговараа со граѓаните на Штип.
СДСМ е со граѓаните, заеднички создаваме подобри услови за живот во секоја општина, посочи Николовски.
„Денеска со кандидатот на СДСМ, Сашко Николов разговаравме со граѓаните на Штип. Најдобриот градоначалник комуницира со граѓаните, му служи на народот и одлучува заедно со него, тоа е #НајдобротоЗаМојатаОпштина.
За брзи и ефикасни услуги кон граѓаните, ја зацврстуваме комуникацијата со дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните.
Учеството на граѓаните во управувањето со општината повеќе нема да се сведува на гласање еднаш во четири години, туку преку комуникација со градоначалникот и пријава на иницијативи кои ќе овозможат да се изгради вистински партнерски однос.
СДСМ е фаворит и на овие локални избори. Во Штип победува #Најдоброто со д-р Сашко Николов“, истакна Николовски.