Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денес беше во Радовиш.
„СДСМ Радовиш е сплотено, подготвено, мотивирано да испорача уште една голема победа на овие локални избори.
Граѓаните го препознаваат концептот на СДСМ што води напред, што носи развој на секоја општина, затоа секојдневно се приклучуваат на големото социјалдемократско семејство.
Затоа СДСМ води на сите анкети вклучително и на последната од Брима на која имаме сигурно и стабилно водство пред политичките конкуренти“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека со ваква доверба од граѓаните, СДСМ победува и во Радовиш и во најголем дел од општините низ државата.