Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска заедно со кандидатот за градоначалник на Карбинци, Јордан Насев, пред жителите во селото Радање, ги презентираа развојните проекти за Карбиници.
„- Уредување и отворање на индустриски зони покрај експресниот пат Штип.
– Изградба на брана „Баргала“ на Козјачка река.
– Регионален водоводен систем Плачковица.
– Реконструкција и изградба на левиот канал за наводнување од хидросистемот Брегалница.
– Изградба на водоснабдителен систем за техничка вода од ХС Злетовица за населните места Таринци и Карбинци.
Комуналаната инфраструктура останува во нашиот фокус, градиме современа инфраструктура во секоја општина. Имаме јасна визија, концепт и реализација.
Затоа на 17 октомври граѓаните ќе го изберат #Најдоброто за Карбиници, ќе го изберат Јордан Насев“, нагласи Николовски.