Николовски од Пехчево: Нови членови пристапуваат во партијата ширум државата, млади, возрасни, мозаик на различни генерации

Особена чест е да се види дека и најстарите членови на СДСМ, нашите ветерани, го ажурираат своето членство, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Nikolovski3„Денеска во Пехчево, членството го ажурираше Љупчо Вуксанов, еден од првите членови на СДСМ, уште од основањето на партијата.
Во исто време, нови членови пристапуваат во партијата ширум државата, млади, возрасни, мозаик на различни генерации“, посочи Николовски.
Nikolovski5Николовски нагласи дека во Пехчево има 100 нови членови, доминантно млади.

„Тоа е новата енергија на СДСМ за нови успеси и нови промени.
Во рамки на посетата одржавме и работна средба со градоначалникот и раководството на ОО СДСМ Пехчево.
СДСМ е партија на сите, се менува, но ги чува и трајните социјалдемократски вредности врз кои почива“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e