Николовски од Лозово: Вложувањата во спортот е исклучително важен фактор за развојот на прогресивното и инклузивното општество

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменикот на претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, со министерката за образование и наука Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во Општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.
Nikolovski1Денес ми претставува огромно задоволство што можеме да ја предадеме во употреба новата спортска сала во склоп на ОУ “Методи Митевски Брицо” во општина Лозово, истакна вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
Nikolovski2„Оваа модерна спортска сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.
Вложувањата во спортот, особено во спортските објекти во училиштата, е исклучително важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општеството какво што е нашето“, посочи Николовски.
Nikolovski3Nikolovski4Nikolovski5Nikolovski6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e