Вечерва во Крива Паланка имаше промоција на кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски. Меѓу присутните беше и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Ова е мојата Крива Паланка, ова е градот што денес ме прави исклучително среќен!, истакна Николовски.
„СДСМ ги развива општините подеднакво, но особено овој регион кој долги години беше запоставуван! Свртивме нов лист!
Во мојот роден град, заедно со нашиот кандидат Сашко Митовски и граѓаните, ќе продолжиме да ги развиваме градот и околината со уште повеќе проекти за Крива Паланка да стане атрактивна дестинација со сите свои природни потенцијали, урбана, чиста и зелена, економски развиена, со уредена инфраструктура.
Напредокот продолжува и после 17-ти октомври со #Најдоброто за Крива Паланка со Сашко Митовски“, потенцираше Николовски.