Николовски во Кратово: Сѐ може да се реализира, за сѐ се има пари, кратовчани задоволни од планираните проекти

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска заедно со кандидатот за градоначалник на Кратово од редовите на СДСМ, Влатко Бојковски разговараа со кратовчани.

„Сѐ може да се реализира, за сѐ се има пари. #СДСМ го покажа тоа на дело. Наместо во барок, во споменици и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Граѓаните сакаат квалитетен живот, а наша должност е да го исполниме тоа“, истакна Николовски.

Николовски заедно со кандидатот за градоначалник на Кратово од редовите на СДСМ, Влатко Бојковски денеска со кратовчани разговараа како да ја направат општината уште подобро место за живот.

Николовски потврди дека кратовчани се задоволни од планираните проекти во нашата програма.

„-Основновање на јавно претпријатие за енергетски дејности „Кратово-Гас“.
-Изградба на спортско-рекреативен центар на Осоговски планини во атарот на селата Нежилово и Каврак.
-Прв општински дом за стари лица во регионот.
-Изградба на локални патишта за подобра поврзаност.
-Ние градиме темелно и одговорно, тоа е основата на нашата понуда и на овие локални избори. Влатко Бојковски е #Најдоброто за Кратово“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e