Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски неделната агенда успешно ја заокружи во Делчево.
Членството активно се ажурира, а кон СДСМ, партија во која младината има полноправно учество, се приклучуваат многу нови млади лица кои ги препознаваат нашите вредности, истакна Николовски.
„При посетата на Делчево, одржавме и средба со раководството на ОО СДСМ ДЕЛЧЕВО, на која присуствуваа градоначалникот, Горан Трајковски и пратеничката Соња Михаиловска, која денеска го ажурираше своето членство.
Не запираме тука. Продолжуваме вредно, со секој еден член. За модерна СДСМ, партија која постојано расте и се развива! Партија во служба на граѓаните и државата.
