Николовски на теренски активности во Кавадарци: Ќе допреме до секој член, во секое населено место, ширум татковината

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски заедно со пратеничката на СДСМ, Даниела Колева денеска се приклучија на теренските активности во Кавадарци.
Nikolovski22„Меѓу членовите на СДСМ, на терен се 1563 тимови од Месните одбори, од вкупно 74 наши општински комисии.
Денеска, заедно со пратеничката на СДСМ, Даниела Колева се приклучивме на теренските активности во Кавадарци.
Ажурирањето и активната регистрација на членството се спроведуваат со полна пареа, по план и динамика, со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето“, посочи Николовски.
azuriranje na chlenstvoНиколовски нагласи дека ќе допрат до секој член, во секое населено место, ширум татковината.
Nikolovski33„На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на првите непосредни внатрепартиски избори во земјава, што е врв на демократијата во една партија.
Се победува но и се менува, се демократизира, се подобрува!
Подобра СДСМ за подобро да им служи на граѓаните, на државата!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e