Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денес беше во официјална посета на Општина Крива Паланка.
На денешната работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, разговаравме за идните планови и проекти за развој на Крива Паланка, посочи Николовски.
Николовски истакна дека на средбата го информирал градоначалникот и за мерките од Планот за борба против корупцијата кои треба да се спроведат, како на централно, така и на локално ниво.