Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски беа меѓу своите сограѓани во село Голеш, кривопаланечко.
„На овој голем христијански празник Петровден, сум помеѓу моите сограѓани во село Голеш, Паланечко.Традиционално секоја година, токму на овој ден се одржува национален собир, во чест на Свети Петар, заштитникот на жетварите. Бидејќи е време на жетва, народот го празнувал до пладне, а попладне со срп в рака, ја жнелее својата земја, како и самиот светец Св.Петар“, истакна Николовски.
Николовски посочи дека традицијата е нешто свето, оставена од дедовина, наше е да ја продолжиме да ја негуваме, и предаваме од колено на колено.
„Нека е за многу години Петровден, во мир и благосостојба да го прославиме овој голем ден“, порача Николовски.