Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово присуствуваа на утринската богослужба по повод споменот на Свети Јоаким Осоговски, заштитник на Крива Паланка.
„Мир во вашите души, радост во вашите домови. Нека е за многу денот!“, им посака градоначалниот на Крива Паланка, Сашко Митовски на граѓаните.