Николовски и Михајловска во Пробиштип: Повисоки приходи за припадниците на Армијата за 60%

Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски денеска заедно со кандидатката за пратеник Сандра Мијалковска беа меѓу граѓаните на Пробиштип.

3

Меѓудругото со граѓаните се разговараше за повисокиот животен стандарт.

„Минималната плата од срамните 9.000 денари, ја покачивме на 14.500. До крајот на мандатот таа ќе порасне до 20.000 денари. Пробиштип е познат како град со голем број на вработени во Армијата. Меѓу нив и многу мои другари. И за нив приходите се зголемени меѓу 50 и 60 проценти, дневниците се исплаќаат на сите. Припадниците на Армијата добиваат месечен надоместок од околу 8.000 денари за станарина, војниците имаат нови униформи, нови чизми. Обезбедивме по 8.000 денари секој месец за 12.000 стечајци, ја зголемивме социјалната помош за 3 пати, обезбедивме социјална пензија од 6.600 денари. Исто така за вработените во образованието и во здравството, ја зголемивме и просечната плата.“ – порача Николовски пред граѓаните на Пробиштип.

2

Во текот на денот Николовски и Михајловска го посетија патниот правец Пробиштип-Крупиште, кој е во завршна фаза на реконструкција и рехабилитација.

4„Со овој проект, жителите на Пробиштип ги поврзуваме со Штип, со Кочани, со граничниот премин со Бугарија, кај Делчево, но и со експресниот пат преку Штип со Скопје . Вака се развива економијата, со поврзување на луѓето и стопанството. Ова го правиме за сите нас и за нашите деца и внуци. Се гордеам со овие вредни луѓе кои работат неуморно на високите температури! Им симнувам капа.“ рече Николовски истакнувајќи дека сведочи на вистинска трансформација на Истокот на државата за разлика од минатото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e