Осмооктомвриската награда, кое е највисоко општинско признание, и кое се доделува по повод празникот 8 Октомври, Денот на ослободување на Крива Паланка, вечерва ми беше врачена од страна на градоначалникот Сашко Митовски.
Оваа награда ја примам на мое големо задоволство и радост.
Ова признание со сето мое срце го сметам за достигнување на сите кои го поддржуваат единството, помошта, поддршката, локалниот патриотизам и развојот на Крива Паланка, и со кои споделуваме заедничка визија за модерна и европска Македонија.
Благодарност до сите пријатели, до градоначалникот, до кривопаланчани, и најголема благодарност до моето семејство и мојата сопруга кои се мојот најцврст столб, и моја причина да останам посветен на стремежот кон новите достигнувања.
ФБ статус на министерот Љупчо Николовски
