Вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска беше меѓу граѓаните на својот роден град Крива Паланка.
„Почетоците на мојата политичка кариера, на своја 24 годишна возраст, како претседател на ОО СДСМ Крива Паланка беа одбележани преку многу соработки со истакнати и влијателни личности“ – рече Николовски по средбите со сопартијците кои го ажурираа своето членство во Социјалдемократскиот Сојуз.
„ Денеска го посетив и доктор Горан Младеновски кој го ажурираше своето членство во СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Човекот од кого сум учел и со кого сум растел. Човекот кој несебично ми го пренесе своето животно искуство. Неговото знаење и посветеност дадоа важен печат во креирање социјалдемократски политики. Заедничка беше и борбата за рушење на режимот. Сложно, сплотено, вредно и чесно, за подобро утре на секој еден.
Не запираме! Продолжуваме посветено. Уште повеќе и уште подобро. Растеме заедно! За граѓаните! За државата! “ – заклучува Николовски.