Сашко Николов, кандидат за пратеник во третата изборна единица од листата на СДСМ и коалицијата, денес оствари среба со своите сограѓани од Штип каде стана збор за развој на спортот.
„Штип е град, познат по културата, бизнисот, политиката, меѓутоа Штип е град кој дал многу еминентни и звучни спортски имиња, спортски тренери, спортски новинари!!!
Денес сум посебно горд и среќен, што бев во присуство на сите овие спортски активисти, спортски колеги и мои пријатели. Штипјани со високо крената глава може да се гордеат, поради плодниот расадник на спортисти, кои го величат градот во целиот свет.
Спортот во општеството!!!
Спортот во политиката, а НЕ политика во спортот!!!
Спортот за народот!!!
Тоа се насоките за успешна, правична и силна држава!!?“ – порача Николов на средбата со штипјани.