На 11.08.2021 во 11.45 часот пред пункт за вакцинација во Поликлиника Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(66) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. М.Х. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.08.2021 во 18.58 часот во објект на МРТВ, во Одделение за управни служби при МВР бил нарушен јавниот ред и мир од Х.Ѓ.(46) Скопје, кој се однесувал агресивно и упатувал закани кон вработено лице.
Лицето било отстрането од објектот и по целосно документирање на случајот против Х.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.