Непознат возач прегазил полицаец откако претходно удрил во паркиран „цитроен“

Полицае бил тешко поведен откако бил прегазен од непознат возач, вчера кај Долно Коњаре, информираше МВР.

-На 13.03.2022 во 23.30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Сопот, кај с.Долно Коњаре, патничко возило удрило во полициски службеник кој вршел службени дејства. Возчот не застанал на даден знак за запирање, откако претходно удрил во паркирано патничко возило „цитроен”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. од с.Долно Коњаре,велат од МВР.

Полицискиот службеник добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e