„НаТочак“ испрати допис до Град Скопје во врска со новонабавените контејнери

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ испрати допис до Град Скопје во врска со новонабавените контејнери, чија поставеност на самите велосипедските патеки значително го отежнува движењето и мобилноста на велосипедистите, пешаците, како и инвалидизираните лица.

Во дописот, иницијативата бара одговори на тоа кое тело и на кој начин ја донело одлуката за набавка на вакви контејнери и дали притоа претходно е направена проценка и елаборат за поставувањето на урбана опрема.

Меѓу поставените прашања, се бара и одговор дали во тој процес е воспоставена соодветна соработка со сите засегнати страни, вклучувајќи и лица од Секторот за сообраќај, Секторот за урбанизам, СВР Скопје и други инволвирани страни што работат на проектот „Скопје Велоград“ и кои стандарди за урбанистичко планирање и уредување на просторот се користени при изборот на локации на контејнерите.

Целиот допис на следниот линк!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e