На 02.11.2021 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-с.Арачиново, во близина на влез за с.Брњарци, се случила сообраќајна несреќа.
Во сообраќајката учествувале „фолксваген голф”, управувано од З.С.(55) од Грушино и автобус „јутонг”, на ЈСП, управуван од И.В.(42) од Скопје.
Во несреќата З.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.