Лишени од слобода трите лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“, следува пријава, соопштија од полицијата.
На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки кражби“ ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, по што биле нападнати.
Тројцата се приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
