На 17-ти ноември, 2022 г. (четврток), во кино салата при НУ Центар за култура Крива Паланка, своја премиера пред кривопаланечката публика ќе има најновиот филм „Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.
Почеток 19.30 часот, карти по цена од 100 денари.
Содржина на филмот:
Две семејства си ја бараат среќата – пристојни на почетокот, среќни на крајот.
Актери:
Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ
Режисер и сценарист:
Милчо Манчевски
Времетраење:
1 час 46 минути
Копродукција меѓу:
Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж
Година на продукција:
2022
Жанр:
црна комедија
