(ВИДЕО) Најавена богата културна програма за „Кривопаланечко културно лето“

Организаторите на „Кривопаланечко културно лето 2018“, општина Крива Паланка, Локална установа Градски музеј и организацискиот одбор на „Џојфест“ денес на прес-конференција најавија богата музичко-сценска програма деновиве и за време на празничните денови следната недела.

Директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски, рече дека годинава на задоволство и на гостите кои се очекува во голем број да ја посетат општината, но и на задоволство на Паланчани, во перидо од четири-пет дена ќе се одржат неколку концерти и фестивали.

-Програмата започнува со 14-тиот Интернационален фолкорен фестивал с.Јоаким Осоговски кој ќе трае од 24-ти до 26-ти август, а ќе гостуваат фолклорни ансамбли и друштва од Македонија, Србија, Бугарија, Кирап, Турција, а на 25-ти кога е втора фестивалска вечер на фолклорот, ќе с еодржи и рок-фестивалот „Џојфест“ со настап на групата „Рибја чорба“, а како предгрупи ќе настапат нашите локални РГБ-бенд и „Студени нозе“. На 27-ми август во чест на денот на рударите ја најавуваме Јелена Томашевиќ, апред-бенд на овој концерт ќе настапат „Тајфата “ и Димитар, рече градоначалникто на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На 28- август следат активности за одбележување на денот на рударите, Голема Богородица и патронот на градот- СВ. Јоаким Оосоговски.

-На 28-ми активностите почнуваат со литургијата во храмот св.Димитриј, продолжуваат со црковната литија низ улицата се до општината, литија посветена на св.Јоаким Осоговски, која ќе вапочне во девет часот, додека во 10 часот официјално ќе бидат пуштени во употреба реконструираните општински сали, дел од проектот „Проекција на туризмот во 3Д“, проект поддржан од ИПА –фондовите на ЕУ преку програма за прекугранична соработка со Бугарија.На овој настан е нјаваено присуството и на премиерот Зоран Заев, со претставници од централната власт. Потоа следува централната прослава посветена на рударите од „Тораница“ ,заедно со рудари од Пробиштип, рудник „Саса“ ќе се одржи на градскиот стадион под покровителство на „Булмак“, додаде Мицевски.

Одбележувањето на верските празници Голема Богородица и св.Јоаким Осоговски продолжува во верските објекти, во локациите кои се од особено значење за развојот на културата во Крива Паланка, манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски.

-Ги поканувам сите добронамерници да ја посетат Крива Паланка затоа што нудиме богата културна програма и активности кои ќе ги вадоволат вкусовите на сите генерации, за заеднички да поминеме денови кои навистина доликуваат на празник на градот, додаде Мицевски.

На седмото издание на музичкиот фетивал „Џојфест“ во Крива Паланка кое ќе се одржи на 25-ти август ќе настапи Српскиот рок-состав „Рибја чорба“.

Уметничкиот директор на „Џојфест “Александар Михајловски, најави дека програмата ќе започне во 20 часот и 30 минути, а настанот ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка.

-Ова е седмо издание на фестивалот кој најпрвин ја вастапува македонската музика, со надополнување на програма со странски изведувачи. Досега за седум години настапиле четири странски изведувачи, а над триесетина македонски артисти. И годинава, пред настапот на „Робја чорба“ предгрупа се Фиц , „Студени нозе“-Трансформерс бенд и локалниот кривопаланечки бенд „РГБ“, изјави Михајловски.

Рече, како и во изминатите години, и годинава очекуваат голема посетеност и бројна публика од соседството и регионот.

-На „Џојфест“ секоја година има голем број посетители, њубители на добра музика, а очекуваме така да биде и годинава. Имаме обезбедено доволен број паркинг места, а фестивалот е од отворен карактер и се одржува на градскито плоштад, така што, сите кои се заинтересирани за добра музика и забава, с едобредојдени, с ешто треба да понесат е добро расположение и добра воља. Крива Паланка секогаш била добар домаќин, таква атмосфера ветуваме и овој пат, додаде Михајловски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, псоочи дека се е подготвено за претстојните фестивалски денови во градот, а во соработка со надлежните служби ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим.

-Оваа година со одлука на седница на Советот сите локации-јавни површини во близина на плоштадот, достапни за угостители и продажба, беа отстапени на користење бесплатно. Деновиве се уредуваат интензивно и дел од јавните површини во градот за што подобро претставување на општината, со цел привелкување што поголем број туристи, рече Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e