Надополнет возниот парк на ЈП “Комуналец” Крива Паланка

Уште едно возило за собирање смет од денес го надополнува возниот парк на ЈП” Комуналец” од Крива Паланка. Возилото е донација на амбасадата на Јапонија во Република Северна Македонија, обезбедено со помошна Владата.

Имено, станува збор за донација во висина од околу шеесет илјади евра.
Градоначалникот на градот упати благодарност до амбасадат на Јапонија,која пак со својата помош овозможи доопременување на ЈП “Комуналец” како и обнова на возниот парк –рече Мицевски.
FB_IMG_1568834307001
Возилото е снабдено од фирмата Градатин, Хрватска компанија со претставништво во Скопје. Истото е марка Мицубиши Фусо кантер, шесткубичко, со можност за собирање смет од корпи од 120 и 240 литри и контејнери.Возилото може да работи автоматски и мануелно.
Инаку, договорот за оваа донација беше потпишан уште во месец март годинава.
Денес, исто така, директорот на ЈП “Комуналец” ја истакна благодарноста до амбасадата на Јапонија.

-Новото возило ќе го надополни нашиот возен парк кој е со просечна старост од дваесет години. Всушност обновата е започната токму оваа година,претходно со буџетски сретства беа набавени две нови возила, денес ова е трето возило за собирање на смет кое ќе овозможи уште поквалитетна и ефикасна услуга на нашите граѓани, како и почиста и средена општина-истакна директорот на Комуналец, Миле Марковски.

Се надеваме дека за ЈП “Комуналец”, Крива Паланка ова нема да биде последно ново возило кое ќе го разубавува возниот парк и ќе придонесува за чиста, здрава и средна животна седина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e