На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин поради сомнение за „фалсификување на исправа“

На Граничниот премин Деве Баир вчера во 17:20 часот на влез во Р.С.Македонија допатувал Ј.К.(51) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки. По извршените проверки, поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „фалсификување на исправа“, тој бил лишен од слобода во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e