На граничниот премин „Деве Баир“ вчера во 13 часот поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Ф.К.(30) од Хрватска, кој поседувал хрватска патна исправа и управувал патничко возило „БМВ 320 Д“, со романски национални ознаки, а при контрола доставил на увид и возачка дозвола издадена од Србија.
Ф.К. бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.