На Бадник прегазен пешак во Тетово

Во 16.40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „ланчија“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот А.К. од селото Глоѓи, тетовско, удрило во пешак.

Се работи за 57-годишниот Љ.К. од Тетово кој во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e