На 23., 24. и 25. јуни уписи во СУГС „Марија Кири-Склодовска“ – еве во кои профили има слободни места

На 23., 24. и 25. јуни е второто пријавување од јунскиот уписен рок за претстојната учебна 2021/22г. во Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Аеродром.

Со првото пријавување потполнети се местата во профилите: медицински лабораториско-санитарен техничар и фармецевтски техничар.

Надлежните од училиштето ги повикаа учениците кои не успеале да се запишат во првото пријавување, тоа да го сторат во следните три дена. 23. и 24. јуни од 7 до 19ч. и на 25.јуни од 7 до 15 часот.

За запишување потребни се следниве документи: пријава за упис која може да ја најдете на следниов ЛИНК, оригинални свидетелства од шестто до деветто одделение, Извод од матичната книга на родените и освоени дипломи од државни и меѓународни натпревари.

Останати се слободни места во следниве струки: техничар за козметички и хемиски производи, хемиски лабораториски техничар, техничар за очна оптика, болничар/неговател и слободни места во новиот стручен профил кој го нуди училиштето – техничар за заштита на животна средина.

1

„Младите луѓе го препознаваат нашето училиште како место каде преку сериозен и стручен пристап и методи на работа ќе го надградат своето знање, не само во теоретскиот, туку и во практичниот дел што е многу значајно за нивната иднина при изборот на професијата и работата во животот. Кај нас учениците се на прво место“, вели Дарко Спасев, актуелен помошник директор.

Надлежните порачуваат дека наставата се одвива во продуктивна и креативна средина која на учениците ќе им ги отвори вратите успешно да се снајдат на пазарот на труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e