– Полицијата вчера од 14 часот па до полноќ спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.
Како што информира денеска МВР, привремено се задржани 35 мотоцикли поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои создаваат бучавост поголема од дозволената.