Музичарите од ООУ „Јоаким Крчовски“ се вклучија во одбележувањето на Денот на Европа во Крива Паланка

Музичарите од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка се вклучија одбележувањето на Денот на Европа во рамки на ликовно – музичкиот настан во организација на локалната самоуправа.

1

Тие се претставија со музички точки на плоштадот „Карпошово востание“ и заедно со останатите учесници ја испратија пораката за стремежот да се биде дел од големото европското семејство, европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.

2

-Многу сум задоволна од настапите на сите учесници, кои достоинствено го претставија нашето училиште. Верувам дека нашите сограѓани уживаа во музичките перформанси на отворено во изведба на нашите ученици. Сакам да изразам голема благодарност кон родителите на сите учениците кои учестуваа и кон моите колеги Марина Станишковска-Пешовска, Дејан Ангеловски и Виктор Ристовски кои се вклучија во подготовката и успешната реализација на настанот, изјави професорката Лариса Жулина-Митовски.

3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e